Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛА АМЕРИКА НИКНУВА ВО КАВАДАРЦИ - нашинец од САД ќе гради станови и шопинг мол од 30 милиони евра

МАЛА АМЕРИКА НИКНУВА ВО КАВАДАРЦИ - нашинец од САД ќе гради станови и шопинг мол од 30 милиони евра

Во општина Кавадарци стартува инвестиција од 30 милиони евра на нашинец кој живее во Америка. 
Инвестицијата ја објави на својата официјална веб страница и градоначалникот на општината, Митко Јанчев, a истата објава осамна и на фејсбук страницата на проектот на компанијата.

„Мала Америка во Кавадарци! 

Во Општина Кавадарци започнува инвестицијата од 30.000.000 евра на наш сограѓанин кој живее во САД. Како што можете да видете и на официјалната страна на самиот проект, ќе се изгради модерен повеќенаменски комплекс, по највисоките светски стандарди, кој ќе биде единствен во регионот, мол и три станбени згради во новиот центар на Кавадарци, на површина од 65.000 м2.

Во целиот комплекс ќе биде вграден најсoфистициран систем за греење и ладење, кој ќе придонесе за заштеда на електрична енергија до 70 отсто.

Изградбата со целокупната документација од Општина Кавадарци е веќе започната. Како што беше најавено и ветено во предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев, целокупниот проект/комплекс се гради во прва фаза како приоритет и ќе биде завршен и пуштен во употреба до август 2025 година“, напишал Јанчев на фејсбук.

А, еве што е наведено на официјалната нивна страница. 



Слично

Поврзани вести