Мал застој на границите – се чека по 20 минути
Мал застој утрово има на граничните премини.
Можни се задржувања од дваесетина минути за влез и за излез од државата, стои во извештајот на АМСМ. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, додаваат од АМСМ. На граничниот премин Табановце кон соседна Србија се чека од 30 до 45 минути.
ЈП „Македонија пат“ на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај село Близанско, 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.
Слично
