Мал пад на цената на нафтата – кои се причините?
Mал пад имаше цената на нафтата при тргување на азискиот пазар.
Цените на нафтата на меѓународните берзи вчера паднаа под нивото од 49 долари.
Ова се случува поради извештајот на Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) дека Саудиска Арабија ќе го зголеми производството на нафта.
Саудиска Арабија минатиот месец произведе рекордно високо ниво на нафта од 10,67 милиони барели дневно.
Пазарот со нафтата засега не е стабилен, затоа што нема договор меѓу земјите за координирано и стабилизирано производство.
Иницијативата за ограничување на производство на нафта на ниво од јануари 2016 заврши со неуспех. Тогаш на состанокот на земјите производители Иран, кој е најголем конкурент на Саудиска Арабија во производство на нафта не прифатил да биде дел од тој договор.
