Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макстил со 15% пад на приходите во првите девет месеци

Макстил со 15% пад на приходите во првите девет месеци
  Во првите девет месеци од годинава металуршкиот гигант остварил оперативни приходи од 4,3 милијарди денари( 70 милиони евра), што е за 15% помалку од истиот период лани, кога биле остварени 5 милијарди денари приход (81 милион евра). Најголем пад има кај приходите од продажба на странските пазари за 16%, и од продажба на домашниот пазар за 9%, пишува во неконсолидираниот и неревидиран биланс на успех на компанијата, доставен до Македонската берза. Во истиот период Макстил успеал да ги намали оперативните расходи за 17% во споредба со лани и да оствари нето добивка од  611.000 денари( близу 10.000 евра).      
Слично

Поврзани вести