Во соопштението се наведува дека пожарот е изгаснат и оти се преземаат мерки за утврдување на причините за негово настанување.
- Нема повредени и нема причинета материјална штета. На терен од сношти се инспекциските служби и раководството на компанијата. Сите дополнителни информации во врска со настанот ќе и бидат соопштени на јавноста, се вели во соопштението.
Пожарот избувна синоќа, а во неговото гаснење учествуваа 21 пожарникар со девет возила, но поради високата температура и густиот чад дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод и едно противпожарно возило од рафинеријата „ОКТА".
