Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макстил ќе врти околу Македонија со набавката и пак ќе има загуби

Макстил ќе врти околу Македонија со набавката и пак ќе има загуби

Први на удар ќе бидат металуршките компании, кои најмногу зависат од железницата и кои ќе имаат значително поголеми трошоци по укинувањето поради неисплатливост на единствената транзитна железничка линија Белград - Скопје - Солун, а први реагираат од топилница „Макстил“.

– За нас како компанија непреченото работење на „Македонски железници“ е од големо значење. Ние во одреден степен сме зависни од функционирањето на железницата, особено поради врската со пристаништето Солун. Самиот застој во работењето на „Македонски железници“ нѐ доведува во незавидна позиција и ни го блокира секојдневното функционирање т.е. доставата на старо железо и испораката на лим до солунското пристаниште – велат од компанијата „Макстил“.

Истакнуваат дека ќе има зголемени трошоци за достава на своите нарачки до купувачите и, секако, ќе има доцнење со нивната испорака на преработено старо железо, со што компанијата ќе претрпи огромни загуби заедно со пеналите поради непочитување на договорите.

Тие сега ќе мора да користат линија што оди преку Грција, Бугарија, Србија, па во Македонија, која е многу понерентабилна и многу побавна.

Покрај нив, и „Македонски железници-транспорт“ ќе има големи загуби поради неиспораката на договорената стока. 

Надлежните институции велат дека правеле напори, но не зависело од државата.  Министерот Сугаревски вчера изјави дека  за укинувањето на линијата одлучиле Србија и Грција.

- Во изминатите неколку месеци имавме средби со претставници на српската Влада и уште во април ни беше посочено дека најверојатно линијата ќе биде прекината од 1 октомври, бидејќи станува збор за економска неисплатливост на Србија. Македонија е транзитна држава и станува збор за исклучиво деловна политика на српските и грчките железнички власти. Сепак, во наредниот период ќе направиме се што можеме да најдеме алтернативни начини како линијата да се продолжи, рече Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски.


Слично

Поврзани вести