Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКСТИЛ И ЈУГОХРОМ: Владата ќе одлучува за можно затворање на индустриските гиганти!

МАКСТИЛ И ЈУГОХРОМ: Владата ќе одлучува за можно затворање на индустриските гиганти!
Денеска истекува рокот за воведување на А интегрираните еколошки дозволи за најголемите индустриските капацитети, Макстил и Југохром. Засега не е познато дали на овие две компании ќе им биде наложено да ги затворат погоните. Според екологистите законите и роковите мора да се испочитуваат , а тие што не го исполниле рокот да се казнат. -Доаѓа зима и загадувањето на воздухот  ќе биде уште поголемо. Тоа што ветуваа надлежните треба сега да го исполнат. Роковите неколку пати се оддложуваа, така што сега тие што и овој рок не го исполнија треба да се казнат, исто како што има казни и за луѓето ако возат автомобили со гуми со кал, така треба и фабриките да се казнат. Државата премногу ги толерира големите загадувачи. Минатата година, додека дишевте на шкрги, помпезно беше најавувано дека ќе се затворат сите фабрики без А-интгрирана дозвола на 1-ви Април, но сето тоа стана априлилили. Не верувам ни дека овој пат ќе бидат затворени, би сакал да грешам, но искуството од Велес и толерирањето на Топилницата, па и последниве години со толерирањето на загадувачите ширум државата ме наведуваат дека повторно ќе биде пронајдена некоја форма на толеранција на загадувачите. Не смее да има одложувања на роковите, зашто оваа постапка за А-интегрирана дозвола не е од вчера туку трае со години, вели Ненад Коциќ, од еколошкото друштво “Вила Зора”-Велес. Вицепремиерот Зоран Ставрески вчера изјави дека се додека не помине рокот не може да се каже дали ќе се стави клуч на врата на овие два индустриски капацитети. капацитетите -Рокот сеуште не е истечен. Додека рокот не помине не можеме да прејудицираме каква ќе биде одлуката за било која фирма. Треба да се согледа дали фирмите доставиле акционен план за реализација на оперативните обврски за добивањето на интегрирана еколошка дозвола. До истекот тие законски имаат право да презентираат што направиле и што планираат да направат. Кога ќе истече рокот тогаш ќе има дефинитивен став. На владината  седницата се разговараше за оваа тема и и тие разговори не се завршени,  треба да видиме до истекот на рокот што ќе се случува. Не би прејудицирал околу тоа дали Макстил или Југохром ќе се затворат, треба да се согледаат состојбите да се види какви се нивните активности и Владата во однос на тоа прашање ќе завземе став во делот што се ингеренции на Владата, изјави вицепремиерот на Владата на РМ, Зоран Ставрески. Што се случува во Макстил и Југохром? И двете фабрики Макстил и Југохром, се далеку од исполнување на еколошките стандарди за да ја добијат дозволата, не е познато дали ќе бараат ново пролонгирање на рокот. Неодамна од министерот за животна средина и просторно  Нурхан Изаири изјави дека двете фабрики веројатно нема да добијат нови рокови.  Југохром не успеја, од  ресорното министерство утврдија дека нема напредок во имплементацијата и  на менаџментот му порачаа сами да си стават клуч на врата. Железарницата Макстил пак се одлучи да ги затвори производствените погони и да не го загадува воздухот. Од фабриката изјавија дека периодот ќе го искористат за да ја поврзат старата со новата опрема, а комплетната иплементација на еколошките дозволи ја најавија за околу нова година. Но вчера ресорното министерството излезе со поинаква информација. -Рокот да ги исполнат условите за добивање А интегрирана дозвола истекува на 31 октомври. До овој датум, согласно законските одредби, фабриките можат да побараат ново пролонгирање на рокот. Ако не побараат пролонгирање на рокот и ако не ги исполнат условите за добивање на дозволата, Министерството, според законските одредби, ќе мора да ги затвори, појаснуваат од ресорното министерство. Рокот за имплементирање на А интегрираните еколошки дозволи беше 1-ви април лани. Претходно поради економската криза веќе еднаш беше оддложено имплеметирањето на дозволите. Но ланскиот рок не го исполнија дел од поголемите индустрии, поточно Макстил и Југохром. Тие побраа дополнителен рок до крајот на овој месец, со уверување дека ќе ги исполнат стандардите. Како ќе се намалува загаденоста на воздухот? Мерните станици и годинава регистрираат високо ниво на загаденост на воздухот.  Скопје, Тетово, Кичево, Битола и оваа година се на врвот на листата на најзагадени градови, каде што концентрацијата на штетните  честички ПМ10 е неколку пат над дозволените граници. Од скопските населби, концентрацијата на овие штетни честички е исклучително висока во населбите Лисиче и Центар. Овие денови концентрацијата на штетините честички не е над границите, но пред една недела беше далеку над дозволеното. Мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажува дека присуството  на ПМ10 честкчите во Тетово 234 микрограми на метар кубен, во Лисиче 151, во Центар 113, кај Ректорат 102, во Битола 106 и во  Кичево 147 микрограми на кубен метар. Висока концентрација на штетните честички беше регистрирана и во скопската населба  Гази Баба, Карпош, Миладиновци, Велес и Кавадарци. Дозволеното присуство на ПМ 10 четичките е 35 микрограми на метар кубен. Градот Скопје и министерството за животна средина најавија сет мерки за намалување на загаденоста на воздухот. Дел од мерките се нови дела исти како лани. Делод мерките во  програмата на Градот возење на пар-непар на автомобилите, бесплатен јавен превоз во деновите кога концентрацијата на штетните честички е висока, зголемен број на автобуси. За да се спроведат на терен, од Градот велат дека  министерството за здравство, за животна средина и МВР  треба да изготват измени во законот за безбедност во сообраќајот. Дел од остантите краткорочни мерки на во програмата на Градот, се засилени контроли на градилиштата и на гумите на возилата, набавка на електоромобили и елкетровелосипеди како и полначи за нив, дотурот на роба да се врши најдоцна до 10 часот,   посебен сообраќаен режим за тешките товарни возила и друго. Во делот на среднорочните мерки е долгонајавуваниот трамвај, потоа гасификацијатаредовно одржување на димоводните канали и горилници и друго. На вчерашната седница на Градот Скопје, се посочи дека работа на градските служби е да поосочат кои мерки може да се превземат, а институциите треба да ги спроведат на терен .За секоја мерка од Прогрмата е наведено во период треба да се спорведе. Па така мерката пар-непар би се вовела при екстремно високо загадување, бесплатниот јавен превоз би се применил ако 10 дена по ред загаденоста надминува 100 микрограми. Од средината следниот месец треба да почне и прскањето на улиците со калциум – магнезиум – ацетат на сообраќајниците во градот, заради контрола и намалување на концентрацијата на штетните честички ,ПМ10 и ПМ2,5 . Од министерството за животна средина Од Министерството за животна средина велат дека мерките се веќе утврдени со препораките од инетрсекторската работна група. Неодамна и министерот за животна средина јавно упати прашање до граѓните зошто не користат елктормобили. Колку ваквите мерки ќе ја намалат загаденоста на воздухот? Екологистите сметаат дека се потребни реални и добро испланирани мерки, со кои  загаденоста на воздухот може да се намали барем за 50 проценти. Според екологистите на некои од изворите на загадување може да се влијае,  но  некои како што се временските услови не може да се контролираат или да се спречат. - Мерките кои беа препорачани минатата година беа непродуктивни и не беа во склад со препораките од СЗО. Нашата препорака беше јавно презентирана, но требаше во текот на целата година да се превземаат мерки за намалување на загадувањето, затоа што причината се повеќе извори на загадување. Нормално ние треба да се насочиме на оние на кои можеме да влијаеме. На пример не можеме да влијаеме на временските услови, но можеме да ја поттикнеме употребата на поеколошки горива.Мерките што треба и сега да се применат се истите што и лани ги кажавме. Мора да се реши проблемот со гасификација на државата, ние предложивме воведување мерка, ТНГ плин за домаќинство. Државата сигурно нема да пропадне ако се откаже од дел од бенефициите кои се добиваат со продажбата на плин во период од 2-3 месеци во годината, па наместо 35 денари да се намали цената на 15-20 денари.  Со тоа многу домаќинства би се префрлиле на греење со плин. Но тоа се прави пред почетокот на сезоната, кога луѓето немаат обезбедено реквизити за греење, а не во сезоната. Препорачавме и задолжителна употреба на биодизел во сообраќајот, пред се за тешките превозни средства, со зголемување на процентот на биодизел до 20 проценти со цел намалување на загадувањето од сообраќајот, но ништо од ова не беше имплементирано, вели Коциќ. Како главни извори за загадување на воздухот екологистите ги посочуваат временски услови односно маглата, работата на фабриките и користењето на нееколошки извори на енергија, затоплувањето на домовите и пред се користењето на дрва, нафта, сообраќајот со користење на стари возила без еколошки стандарди, густината на населението, па и градбите кои не дозволуваат градот “да диши”, сечењето дрвата во градовите кои го собираат аероседиментот и штетните честички, сечењето на дрвата на околните планини околу градовите. Светска банка во студијата за Зелен раст посочи дека загадувањето на воздухот во Македонија е едно од најголемите во Европа, и со години е над европските стандарди, а земјава е рангирана на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно од ПМ10 честичките. Ј.С
Слично

Поврзани вести