„Макстил“ и „Југохром“ прекинуваат со работа – не стигнуваат да ги спроведат еколошките стандарди?
Ниту „Макстил“, ниту „Југохром“, двајцата најголеми загадувачи, не стигнуваат да ги имплементираат потребните еколошки стандарди до крајниот рок што истекува на 30 октомври и да обезбедат А-интегрирана еколошка дозвола.
Ова практично ќе значи клуч на врата за двата големи индустриски капацитети, бидејќи Министерството за животна средина нема намера повторно да им го продолжува рокот.
Според првичните информации „Макстил“ самостојно ќе прекине со работа додека не ги имплементира потребните еколошки стандарди.
„Согласно последните податоци што ги имаме Југохром нема започнато со работи на овој план поради што апелирам до оваа компанија самите да прекинат со работа, зошто по 30-ти октомври Министерството за животна средина ќе постапи согласно законот“, вели министерот за животна средина Нурхан Изаири.
Со оглед на зголеменото загадување во одредени градови кое се регистрира во изминатите неколку дена, тој апелира за поголема свесност и кај граѓаните и кај возачите, особено во текот на зимската сезона.
Според податоците на Министерството за животна средина, околу 25 отсто од загадувањето на воздухот со ПМ- 10 честички доаѓа поради сообраќајот и несоодветниот начин на затоплување.
Слично
