Макстил бележи пад на приходите
Дисконтинуирано производство, отежнат пласман на производите, пад на продажните цени - ова се клучните фактори кои придонесоа индустријата за челик „Макстил“ да ја заврши 2013 година со значителен пад на приходите.
Според неревидираниот финансиски извештај доставен до Македонската берза, приходите на компанијата по сите основи се намалиле за 32,5%. Ова се должи на падот на производството на финални производи. Во 2013 година биле произведени 154.281,8 тони готови производи, што е намалување од 30% во споредба со деловната 2012 година.
Дополнително, ситуацијата ја отежнувале и глобалните предизвици на пазарот за челик и челични производи, кои се резултат на сè уште присутната инфлација во земјите од еврозоната.
Со дополнителни финансиски интервенции од акционерите, покриени се трошоците, и тоа првенствено фиксните, и остварен е краен позитивен резултат од околу 87.500 евра, информираат од компанијата.
Слично
