Економија, финансии, бизнис

Контакт

Максимум 30 отсто од хотелските капацитети во Охрид и Струга ќе бидат исполнети за Нова година

Максимум 30 отсто од хотелските капацитети во Охрид и Струга ќе бидат исполнети за Нова година

Слаб интерес има за дочек на Новата година на брегот на Охридското езеро. Само 20 до 30 отсто од хотелските капацитети ќе бидат исполнети за најлудата ноќ, потврдуваат од ХОТАМ.

Оттаму велат дека пред месец дена имало интерес, но тој спласна поради појавата на омикрон, новиот сој на коронавирусот, но и затоа што на гостите им е важно да има прослава во самиот хотел со свечена вечера. Доколку тоа го нема, ги откажуваат аранжманите. Таков бил случајот со дел од бугарските гости. 

„Ќе имаме исполнетост од 20 до 30 отсто, а во годините пред  пандемијата за Нова година, имавме над 80 отсто полни капацитети. Единствено можеби помалите хотели ќе ја достигнат таа исполнетост во вакви услови. Новата година ќе помине скромно. Странците ги нема и тоа е проблем за нас. Домашните гости не се доволни за пополнување на капацитетите. За празниците ќе имаме домашни гости, и мал број туристи од соседството. Се надеваме дека состојбата ќе биде стабилна и дека нема да има некој скок на бројот на заразени, нема да има полициски час и дека оние кои ќе дојдат ќе можат слободно да се движат“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.

Оваа Нова година се очекува добра посетеност на зимскиот туристички центар Крушево, каде ќе се бара место повеќе. Бројките на заразени го диктираат и начинот на живот и празнување. Откако почна пандемијата, туризмот никако да се врати на нивото како пред појавата на вирусот. И глобално туризмот претрпе огромни загуби. Намалувањето на туристичката побарувачка за меѓународни патувања помеѓу јануари и јуни 2020 година предизвика загуба на 440 милиони меѓународни пристигнувања и приход од околу 460 милијарди долари од меѓународниот туризам.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести