Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрон се откажува од државните аеродроми за да собере пари за неговата програма

Макрон се откажува од државните аеродроми за да собере пари за неговата програма

Францускиот претседател Емануел Макрон планира да го започне процесот на приватизација на државните аеродроми, а со средствата од продажба да ја финансира амбициозната економска програма.

Макрон уште пред да победи на изборите на 7 мај рече дека сака со парите од приватизациите, да го финансира владиниот план за промовирање на индустријата и иновациите, кој е во вредност од 10 милијарди евра.

Ако францускиот претседател добие парламентарното мнозинство на изборите закажани за 18 јуни, како што всушност и се очекува, тој може брзо да склучи договор, со кој ќе ги собере потребните средства за Француската нуклеарна компанија “Арева”.

Акциите во ADP, која ги контролира аеродромите “Шарл де Гол” и “Орли”, се рекордно високи. Уделот на владата, кој изнесува околу 50.6% и се оценува на 7 милијарди евра, може да биде продаден за неколку недели или месеци по изборите, тврдат високи извори.


Слично

Поврзани вести