Макрон најави дека Европа ја чекаат две тешки зими
Следните две зими ќе бидат тешки поради проблеми со снабдувањето со гас, вели францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон денеска по самитот на ЕУ во Прага предупреди дека зимата следната година и 2024 година за Европејците ќе биде уште потешка од претстојната. Вели дека Европа ќе ги интензивира разговорите со добавувачите на гас и ќе ги координира набавките со главните азиски партнери, како и ќе воспостави механизми за обезбедување финансиска солидарност меѓу европските земји за купување енергија, објави „Ројтерс“.
Претходно, имаше прогнози дека Европа ја чекаат пет до десет тешки зими.foto Facebook
Слично
