Макрадули: СДСМ исправена пред невидени поделби и длабока криза!
Поранешниот потпретседател на СДСМ Јани Макрадули преку Фејсбук апелира до раководството на партијата да се повлече на претстојниот конгрес заради единството во партијата.
„СДСМ е исправена пред досега невидена поделба и уште подлабока криза. Одговорно би било да сторите сѐ што е во ваша моќ, да ја спречите оваа поделба. Добивте фер можност да покажете умешност во водењето на партијата, и да не се лажеме – под ваша палка СДСМ ја губи искреноста, човечноста, вистината. Искрено, очајно изгледаат обидите да се затскривате зад поддршката на Пендаровски, а уште потажно делува тоа што го натеравте човекот јавно да Ве демантира. Се срамам што мојот претседател е демантиран од човекот за кого заедно се боревме да биде претседател на нашата држава, зошто навистина Македонија заслужува претседател, но и СДСМ заслужува лидер!“, напиша вечерва Макрадули на Фејсбук.
Неговата реакција доаѓа по отворено спротивставените мислења на поранешниот лидер Бранко Црвенковски, актуелниот Зоран Заев и претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски кои излегоа во јавност.
„Затоа апелирам до вас, поради сѐ она што во минатото сме го граделе, поради нашата иднина, иднината на нашите деца и иднината на цела Македонија. Бидете јунаци, наместо уништувачи. Мудро е да умееш да препознаеш кога треба да се повлечеш, херојски е тоа да го сториш на време“, им пиша Макрадули на своите сопартијци со чија политика признава дека не се согласувал во изминатиот период.
Слично
