Макрадули: Ревизија на Скопје 2014
-Денес Коце има пари за гусарски бродови и за друг забегани проекти, но сите нас ова злосторство не чини 500 милиони евра. Додека владее сиромаштија и невработеност, Груевски одговори со уште поголемо крадење од панорамски тркала до златни гаќи. Јас се согласувам дека Скопје треба да има филхармонија, но не ни требаат криминални градби. Ние нема да правиме штета и да уриваме легални објекти како тоа што го направи Владата на Груевски со уривањето на „Космос“. Но, овие споменици се од парите на граѓаните и ние по победата на изборите ке спроведеме целосна ревизија на Скопје 2014 и ке бараме вистинска казна за ова злодело врз Скопје и Македонија, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје Јани Макрадули, од митингот на здружената опозиција.
Макрадули додаде: “Скопје сега нема градоначалник, Коце е само потписник . Потписник на идеите на еден човек. Потписник на идеите на Груевски. Со тие потписи Коце ги задолжува граѓаните со скапи кредити. На Коце најдобар успех му е доручекот на Камени мост, слика за мизеријата во која живеат граѓаните.
“Јас ќе бидам Градоначалник, кој ќе ги обедини различностите , наместо златни огради и рингишпили ќе градам гасификација , ќе вложувам во образование, во спорт.
Во старата Скопска чаршија наместо кршење излози ќе се кршат предрасудите. Ќе ги запреме криминалните политики на оваа власт, нема да дозволиме следните четири години да продолжи забеганиот луксуз на неколкумина за сметка на мизеријата на многумина .Скопје од вечерва не е вмровски град “, заврши Макрадули
Слично
