Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрадули: Не се мешам во бизнисот на сопругата, немам врска со тендерите

Макрадули: Не се мешам во бизнисот на сопругата, немам врска со тендерите

Јани Макрадули, заменик-министерот за животна средина, за Канал 5 изјави дека нема никаква врска со фирмата на неговата сопруга која за година и пол добила девет договори за јавни набавки во вредност од 90.000 евра.

Маја Трендафилова Макрадули е една од четирите сопственици на претпријатието е „Опен мајд солушнс“ со дејност за изработка и одржување на софтверски решенија. Според Економски Лидер, со овие договори фирмата просечните годишни приходи ги зголемува за 50 отсто во однос на стандардните од претходно.

- Апсолутно нема судир на интереси, јас одговарам за моите одлуки и за она што го работам. Немам никаква врска со таа фирма, не се мешам во нејзината дејност. Некој сака да ме оцрни мене и мојот 30-годишен чесен труд - гласеше телефонската изјава на Макрадули за Канал 5.

Двата најскапи тендера, фирмата на сопругата на Макрадули ги добила од „Јавно претпријатие за државни патишта“, за истата намена „Превентивно и адаптивно одржување на ЕРП софтвер во времетраење од две години“. Едниот е во вредност од 2.265.600 денари а другиот тежи 1.038.400,00 денари.



Слично

Поврзани вести