Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрадули не кажува со колку пари Владата помага за филтри на „Југохром“

Макрадули не кажува со колку пари Владата помага за филтри на „Југохром“

Министерот за животна средина Јани Макрадули потврди дека Владата на РМ финансиски го помага комбинатот „Јухохром“ да постави филтри и со тоа да ја стекне лиценцата за повторно да проработи, но одби да ја каже сумата за време на третата официјална посета од Европската агенција за животна средина – ЕЕА.

Согласно задачите кои ги има добиено во рамки на оперативниот план, компанијата „Југохром“ се обврза да ги постави филтрите. Нашата задача како Министерство за животна средина и просторно планирање е да провериме дали тие се согласно стандардите што се предвидени и тука завршува нашиот дел во овој момент.- изјави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, одговарајќи на новинарско прашање.

- Откако ќе добиеме повторна информација од страна на компанијата и ново аплицирање, нашите служби ќе отидат и да го проверат тоа. Владата дава поддршка, но не можам точно да ви кажам колку тоа финансиски го направивме, рече Макрадули.



Слично

Поврзани вести