Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макрадули: Гасификација на Скопје, намалени давачки, инвестиции во Визбегово, студентски град во Аеродром!

Макрадули: Гасификација на Скопје, намалени давачки, инвестиции во Визбегово, студентски град во Аеродром!
Кандидатот за градоначалник на Скопје Јани Макрадули вети нови инвестиции во Скопје, но и намалување на давачките кон Градот за 5 проценти.  Во неговите приоритети се забележани и нови пензионерски домови, подвозници и мостови. - Младите не мора да бараат туѓи пасоши. Ќе обезбедиме стипендии за дефицитарни стручни кадри и дуќан во старата чаршија каде ќе можат да работат. Ќе обезбдиме инвестиции во индустриската зона Визбегово. Скопје не заслужува да го носи епитетот кич на Балканот, затоа ќе отвориме независен културен центар во зградата на Водовод во кој ќе се сместат сите невладини организации што работат со градот. Макрадули во неговата програма забележал и изградба на најголем скејт парк, затворена тркачка патека. -Бесплатен превоз за сите ученици и студенти, реновирање на сите средни училишта и изградба на прва државна гимназија во Општина Аеродром, како и студентски град – додаде Макрадули. Макрадули порача на граѓаните дека не смее да дозволат нови четири години во кои Скопје ќе биде експериментално глувче. -Треба да се провери колку пари наменети за споменици и барокни фасади завршиле на приватни сметки, да се урнат деловите кои не делат и осиромашуваат. Време е за промени, а на Скопје и неговите граѓани им личи промените да почнат токму од тука. Скопје треба да избере меѓу злодела и визија за паметен модерен град – рече Макрадули на конвенцијата во Скопје.
Слично

Поврзани вести