Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКПРИМАТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: еден од најуспешните брендови во домашната текстилна индустрија со големи попусти поради затворање

МАКПРИМАТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: еден од најуспешните брендови во домашната текстилна индустрија со големи попусти поради затворање

Познатиот македонски бренд по долги години постоење ја затвара својата продавница во Гратскиот трговски центар, но најавува и затворање на производството. 

Како што стои во објавата поставена на социјалните мрежи, компаниијата престанува со производство по 35 години работа. 

- По неверојатни 35 години, исполнети со страс кон модата, креативност и незаборавни моменти, Макпримат го завршува своето патување. 

Иако со измешани емоции ги затвораме вратите на продавницата во ГТЦ и на производството, сакаме да се заблагодариме на секој од Вас. 

Вашата лојалност и доверба во текот на сите овие години ни овозможија да Макпримат стане повеќе од моден бренд - стана симбол на квалитет, уникатност и љубов кон добриот стил - се наведува во нивната објава. 



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести