Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МАКПЕТРОЛ“: Во Македонија има шверц со нафтени деривати!

„МАКПЕТРОЛ“: Во Македонија има шверц со нафтени деривати!
Во годишниот извештај за нивното работење во 2013 година од Макпетрол тврдат дека делумно нивната загуба е резултат на нелојална конкурекција од шверц и на нестандардизирани горива на македонскиот пазар Менаџерскиот осумчлен тим на „Макпетрол“ тврди дека во земјава има нелојална конкуренција на пазарот со нафтени деривати. Во годишниот извештај за работата на Управниот Одбор за 2013 година наведуваат дека една од основните причини за загубата е:
„увоз и пуштање во промет нестандардно гориво на пазарот на Република Македонија по пониски цени и нелегален увоз на нафтени деривати“.
Ова тврдење со своерачни потписи го изнесуваат: Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на компанијата и членовите: Саша Лекиќ, Јован Трповски, Ристо Зафировски, Мери Забазноска,Љупчо Георгиевски, Зоран Доневски и Сашо Бошковски. Според нив една од основните причини за загубата на „Макпетрол“ лани од 3,3 милиони евра е во нелегалната конкуренција на пазарот на деривати со која лани се соочувала нивната компанија. „Фактор“ пред три дена достави барање за дообјаснување на детали за утврдените нарушувања на пазарот со нафтени деривати во земјава. Побаравме од „Макпетрол“ објаснување како утврдиле дека имаат нелојална конкуренција со продавачи на нестардардизирани моторни горива, кои се тие компании или физички лица. Потоа побаравме да добиеме информација дали „Макпетрол“ досега за оваа појава ги известил надлежните органи: Царинската управа, Управата за јавни приходи и Министерството за финансии затоа што се работи за акцизна стока и дали се известени Министерството за внатрешни работи, Пазарниот инспекторат, Јавното обвинителство и некои други инстанци кои може да имаат надлежности. За жал до денеска не добивме одговор од управата на „Макпетрол“ ниту пак добивме потврда дека нашите прашања се земени во предвид и дека ќе бидат разгледани. Споредбата на официјалните податоци за продажба на горива на „Макпетрол“ за минатата година во споредба со 2012 година забележлива е тенденција на пад на продажба и кај бензините и кај дизел горивата. Кај бензините лани продадени биле 56.696 тони бензини, а во 2012 година продажбата изнесувала 63.659 тони што укажува на пад од 11 отсто односно 6.963 тони. Кај дизел горивата состојбата на продажби за 2012 година била 158.670 тони, а лани била 153.176 тони што претставува пад од 3 отсто односно 5.494 тони. Кај бензините и дизелите продажбата лани со споредба со 2012 година паднала за 12.457 тони односни за 6 отсто. „Фактор“ направи увид во одлуките за одобрување на највисоки цени на нафтени деривати кои ги одобрува Регулаторната комисија за енергетика. Во тие одлуки е утврдена и максималниот износ на трошоците за малопродажба на деривати и тие изнесуваат околу 4 отсто од малопродажната цена на литар бензин и околу 5 отсто од малопродажната цена за литар дизел гориво. Според оваа прелиминарна пресметка падот на продажбата на „Макпетрол“ лани ги снижил очекуваните приходи, според прелимирна ориентациска проценка за околу 800.000 евра износ во маржа за трговецот во малопродажба. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести