„Макпетрол“ – тужби тешки над 36 милиони евра
Вкупно 36, 5 милиони евра (2,245 милијарди денари) е вредноста на тужбите покренати против нафтената компанија „Макпетрол“ заклучно со 31.12.2013 година, информираше компанијата во извештај до Македонската берза.
Најголемиот дел од оваа сума, односно 35,9 милиони евра (2,211 милијарди денари) се однесуваат на судскиот спор покренат од Владата на Република Македонија и ЈП Гама.
„На датумот на овие финансиски извештаи, не се евидентирани било какви резервирања од потенцијални загуби по основ на судски спорови. Раководството на друштвото, редовно ги анализира можните ризици од загуби по основ на тековните судски спорови, давајќи при тоа посебна важност на тужбата поднесена од Владата на Република Македонија и ЈП Гама... Иако резултатот од оваа проблематика не може секогаш со сигурност да се утврди, раководството на Друштвото верува дека истите нема да резултираат во материјално значајни обврски“, стои во ревидираниот финансиски извештај на компанијата.
Слично
