Макпетрол предновогодишно ја тресе берзата: Книжи ли книжи добивки и рекорди!
Интересот на инвеститорите не запре речиси цела година за Макпетрол.
Компанија на Андреа Јосифовски за девет месеци прокнижи добивка од 269.317.000 денари или околу 4,3 милиони евра.
Ова го покажаа вчера објавените податоци на консолидираниот извештај на компанијата објавени на Македонска берза.
Иако лани Макпетрол работеше со загуби, годинава изгледа се разбуди од зимскиот сон. А стана јасно и дека Андреа Јосифовски знае да работи под притисок! За три месеци во летната сезона што е шпиц за оваа дејност кога луѓето најмногу патуваат „Макпетрол“ го зголеми профитот за 1,8 милиони евра!!!
Добивката на „Макпетрол“ за првите девет месеци годинава е речиси 5 милиони евра, покажува деветмесечниот извештај на најголемата малопродажна македонска компанија. Многу е поважно тоа што, за жал другите заборавија да го напишат или не го видоа, е дека во периодот јули – септември , во ек на сезоната на годишни одмори, добивката на нашиот гигант е 3 милиони евра односно околу 180 милиони денари !!!
За една година, промет со акциите на Макпетрол од 2 милиони евра
Акцииите на Макпетрол станаа интересни за инвеститорите по објавувањето на понудата за преземање од страна на Балкан Петролеум.
Иако целата процедура моментално е стопирана од Комисијата за хартии од вредност, интересот за акциите на Макпетрол не престанува.Во период од една година, заклучно со септември, тргувано е со 5.949 акции на компанијата, покажуваат податоците на Македонската берза.
Со нив е остварен промет од 123.691.424 или околу 2 милиони евра.
Имено „предновогодишна“ еуфорија ја тресе и берзата.
Само вчера беа продадени 383 акции на „Макпетрол" по цена од 25.418 денари за акција. Цената на една акција во редовното тргување е 28.999 денари.Инвеститори бидете внимателни! Видете ги следниве расходни ставки...
Позицијата на сите иматели на акции во „Макпетрол“ секако дека е перспективна и затоа нема збор. Но бидете внимателни! „Фактор“ ќе ви ги посочи следниве расходни ставки кои растат и во кои може да биде ставено се што му одговора на менаџментот
Но нив прочитајте ги тука!