„МАКПЕТРОЛ“ ОБЈАВИ ВЕСТ: Претседателот на Управниот одбор, Јосифовски, се стекна со 135 акции од компанијата
Првиот човек на нашиот најголем нафтен дистрибутер „Макпетрол“, Андреа Јосифовски, купил 135 обични акции од оваа нафтена компанија.
„Макпетрол“ за оваа трансакција уредно ја извести инвестиорската јавност преку Македонската берза.
„Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската
Берза за хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Претседателот на
Управниот одбор г-дин Андреја Јосифовски, се стекна со 135 обични акции од
издавачот Макпетрол АД Скопје“, се вели во ценовно чувствителната информација која компанијата ја објави преку Берзата.
Инаку, претседателот на УО на „Макпетрол“ има помал процент акции од 5 отсто од компанијата, поради што тоа не е објавено на Централниот депозитар за хартии од вредност.
Инаку, оваа трансакција помина на Берзата на 18 јули годинава, како блок трансакција, кога беа купени 135 акции по цена од 65.952 денари за акција, или вкупната сума на трансакцијата беше 145 илјади евра.
Фактор ја објави веста за блок трансакцијата, деталите тука.
