Макпетрол ќе исплаќа дивиденда
На Акционерите на Макпетрол им е одборена исплата на дивиденда.
Оваа предлог одлука е соопштена денес на Македонска берза а во соопштението стои дека дивидендата ќе се исплаќа од ланската добивка.
„На акционерите на Макпетрол се одобрува плаќање на дивиденда во висина од 112.382.000 денари бруто, односно 1.000 денари бруто за една акција“, пишува во предлог одлуката.
Според предлог одлуката, исплатата би требало да се изврши до 30-септември годинава, додека за датум на пресек на акционерската книга според која се определува листа на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда се утврдува 12.7.2017 година.
Дивидендата ќе биде исплатена во пари.
Слично
