„Макпетрол“ ќе дели дивиденда од 7,66 милиони евра, за вработените екстра 3 милиони евра од добивката
Собранието на акционери на „Макпетрол“ на вчерашната седница одлучи дек од тековната и акумулираната добивка да ја распредлеи како дивиденда во износ од 7,66 милиони евра, односно 467.286.000 денари.
За членовите на Управниот одбор ќе бидат исплатени вкупно 700.000 евра, а за раководните лица ќе се поделат околу 260.000 евра.
За вработените ќе бидат исплатени дополнителни 3,17 милиони евра, а останатите средства ќе бидат поделени за инвестиции, за посебни резерви за стекнување на сопствени акции со откуп и за пренос на добивка во наредната година.
Слично
