„Макпетрол“ исплати К-15 од 48.000 денари по вработен
„Макпетрол“ за секој еден свој вработен исплатил по 48.000 денари регрес за годишен одмор.Информацијата е споделена на „Македонска берза“.
„Имајќи ја предвид посветеноста и залагањето на вработените во извршувањето на работните обврски, а по повод летните одмори, „Макпетрол“ АД Скопје информира дека на своите вработени им исплати регрес за годишен одмор во нето износ од 48.000 денари по вработен“, објави малопродажниот синџир на гориво.
Слично
