Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Макпетрол“ го објави календарот: Ќе има ли дивиденда и колкава ќе биде?

„Макпетрол“ го објави календарот: Ќе има ли дивиденда и колкава ќе биде?

Последната седмица во април ќе биде во знак на акцијата на „Макпетрол“. Инвеститорската заедница и акционерите се сигурно во континуитетот на позитивно работење на „Макпетрол“ и  очекуваат дивиденда од извесната добивка за 2021 година. Гигантот во трговијата на мало со горива гради позитивна корпоративна практика и е прва компанија што го објави календарот на настани за идната година. „Макпетрол“ веќе е фикс на инвеститорите на берза

Најголемата домашна компанија за трговија на мало со нафтени деривати „Макпетрол“ веќе се наметнува како лидер за навремено информирање на своите акционери и целата инвеститорска јавност. Компанијата, согласно со добрите корпоративни практики, вчера го објави календарот на настани, документ од кој може да се извлечат значајни аспекти за идни вложувања на инвеститорите на нашата берза.

„Макпетрол“ е прва меѓу компаниите чии акции котираат на нашата берза која го објавува календарот за настани за идната 2022 година.

Меѓу објавите, за инвеститорите сигурно најинтересна ќе биде последната седмица на април во која „Макпетрол“ ќе ги објави точките на дневниот ред на идното редовно годишно собрание. Голема е веројатноста дека една од точките може да биде и поделба на дивиденда за акционерите на компанијата. Ова значи дека инвеститорите на берзата веќе можат во својот фокус да ја стават акцијата на „Макпетрол“ особено затоа што сите сме сигурни дека компанијата 2021 година ја завршува со добивка од своето работење која дополнително е зголемена и за акциите во преносниот гасоводен систем ГА-МА кои „Макпетрол“ и ги продаде на државата (согласно со обврските кои произлегуваат од третиот енергетски пакет на ЕК).

Само за потсетување „Макпетрол“ годинава од ланската добивка подели дивиденда во вкупен износ што надмина 2 милиони евра.

Таа информацијата има употребна вредност во креирање на идните одлуки за физичките и правните лица кои вложуваат во акции на нашата берза. Очекуваната дивиденда на акцијата на „Макпетрол“ повеќе од сигурно ќе ја зајакне побарувачката за таа акција што позитивно ќе влијае и врз нејзината пазарна цена. Можеби и поважно е тоа што во ваков економски амбиент полн со предизвици и неизвесност инвеститорите ќе имаат мирен залив за укотвување што подалеку од разбрануваното море...

Целиот календар на „Макпетрол“ на следниот линк 

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести