Макпетрол АД добитник на две награди во рамките на повикот „Добри практики во областа БЗР во 2020 година”
„Макпетрол“ АД Скопје ја доби наградата за Прво место за Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени, за 2020 година. И Второ место, за Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги).

Признанијата беа доделени по повод Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа, во рамките на повикот „Добри практики во областа БЗР во 2020 година”, организиран од страна на Стручните Здруженија кои работат на полето безбедност и здравје при работа.

„Една од главните стратегии на компанијата е да инвестира во своите вработени, преку добри практики во безбедни и здрави работни места. Токму поради тоа, секој од нас има право, но истовремено и одговорност, на добро здравје и на безбедност. Овие награди сè уште едно признание за посветеноста на „Макпетрол“ АД Скопје кон своите вработени, кои се важен дел од процесот за раст и развој на компанијата.“ – велат од компанијата.

