Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Макошпед“ плати 935.000 евра за 2,5 отсто од акциите на „Фершпед“?

„Макошпед“ плати 935.000 евра за 2,5 отсто од акциите на „Фершпед“?
„Макошпед“ објави дека купил хартии од вредност во износ од 7,05 отсто од нивните средства што е 57,6 милиони денари, индентично на сумата што беше платена за 450 акции од „Фершпед“ Шпедитерската компанија „Макошпед“ многу веројатно е акционерот што платил 57,6 милиони денари односно 935.000 евра за 2,5 отсто од акциите со право на глас во „Фершпед“. „Макошпед“ во петок на 25 декември годинава објави дека фирмата се стекнала со хартии од вредност во износ од 7,05 отсто од средствата на друштвото. Тоа е идентичен износ на износот што беше платен за акциите на „Фершпед“ кои беа истргувани во блок трансакција во понеделникот на 21 декември годинава. Дополнителен факт со кој се укажува на тоа дека „Макошпед“ е новиот сопственик е тоа што соопштението на компанијата до берзата е доставено на 24 декември, датумот кога се врши трансфер на сопственоста врз акциите врз новиот сопственик во Централниот депозитар за хартии од вредност (популарниот Т + 3). Како што објавивме акционер во „Фершпед“ купи 2,5 отсто од акциите на „Фершпед“ за што плати 57,6 милиони денари односно 935.000 евра. Цената на акцијата што беше постигната изнесува 128.000 денари што е највисока цена за таа акција остварена за тргување со акции на најголемата шпедитерска компанија во земјава од во последниве девет месеци (од 8 март годинава кога во блок трансакција беа истргувани 147 акции на таа компанија во цена од 130.000 денари за акција). „Макошпед“ е шпедитерска компанија која има сродна дејност со „Фершпед“ и работи царинско застапување, секаков вид на транспорт, осигурување на стока при транспорт, увоз-извоз, маркетинг и складирање. Во изминативе три години компанијата работи со добивка и тоа 2012 година од 6,5 милиони денари, 2013 година 1,84 милиони денари и 2014 година во износ од 3,2 милиони денари. „Фактор“ достави прашање до „Макошпед“ во кое побара информација дали тие се купувачи на овие 450 акции по цена од 128.000 денари во вкупна вредност од 57,6 милиони денари. Доколку добиеме одговор , ќе го објавиме во целост. „Фершпед“ се поатрактивен, за два дена истргувани уште 198 акции На берзата во последниве два дена оваа трговска седмица се истргувани 198 акции во два наврати. Поголемата количина е истргувана во петок кога поминаа на берзат 150 акции по цена од 40.000 денари, а ден претходно биле истргувани уште 48 акции. Тоа е над едн отсто од сите акции со право на глас на компанијата. За оваа акција ова е голем промет и висока ликвидност со оглед на тоа дека само за 2 дена се истргувани 198 акции, а во период од цела година вкупно се истргувани во класично тргување 313 акции со право на глас. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести