„Мако Маркет“ го промени името по преземањето од „Агна Груп“
„Мако Маркет“ објави дека името на компанијата е променето во „Агна Скопје“, по преземањето од групацијата кадешто сопственик е еден од најбогатите Албанци, Васил Наци.
„Агна Груп“ се занимава со увоз и извоз на индустриски производи и храна, материјали за градежништво, земјоделски производи, производство и продажба на алкохолни пијалаци, како и дистрибуција, продажба и транспорт.
Од „Мако Маркет“ на „Линкедин“ соопштија дека се менува само името, додека асортиманот на продажба засега останува ист.
Инаку Наци и досега како поединец имаше сопственички удел во „Мако Маркет“.
Слично
