Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макфутуризам: Како ВИ ја замислува македонската иднина и можниот развој

Макфутуризам: Како ВИ ја замислува македонската иднина и можниот развој

На македонското општество му е потребна нова енергија и верба дека возможни се промени на корумпираниот тридецениски систем. Многу општества кои се соочиле со слични предизвици создале футуристички модели за можните потенцијали за развој и како нивните држави би изгледале доколу ги решат нивните најголеми проблеми како постколнијализмот и постимперијализмот.

Најпопуларно е Афрофутиристичкото движење кое Африка ја замислува како лулка на човечката еволуција, но ослободена од корупцијата и грабежот на ресурситеи и геноцидите, како ултра модерна цивлизација, со склоп со локалната природа и богатото културно и историско наследство.

Затоа решивме да направиме показна вежба со помош на вештачката интелигенција за тоа како би изгледал Макфутуризмот, но со еден реалистичен пристап базиран на актуелни трендови, наместо целосно да се примени научно-фантастичниот модел кој е посакуван ама не е реално остварлив.

Затоа вештачката интелигенција ја замислува развојната иднина на Македонија како држава на зелената енергија и одржливо земјоделство, со развиена модна индустрија која ја користи новата технологија и нео-метаболистички урбан развој кој се потпира на бруталидтичката и локалната архитектура, но ги надградува во еден футуристички концепт кој ги става во преден план луѓето и потребите за развој на заедницата.

Можеби и ова делува премногу сај-фај со оглед на недостигот од борба со урбаната мафија, организираниот криминал и високата корупција, но да оставиме простор дека можеби овие концепти за достижен развој и визија ќе послужат како инспирација и мотивација за политичките елити и граѓаните.

1. Бетонска транзиција: Нео-метаболизам во Скопје

Оваа насока ја визуелизира идејата за модернизација на иконската бруталистичка архитектура на Скопје кој беше целосно обновен и изграден по земјотресот во 1963 година, но ако социјализмот беше составен од бетон, транзицијата донесе фавелизација на главниот град и урбанистички хаос. 

Суровиот бетон на објектите според ВИ треба да биде надополнет со вертикални градини и паметно интегрирани соларни стакла. Модерен еколошки трамвај во преден план треба да го реши сообраќајот, но и да симболизира одржлив јавен транспорт кој „дише“ во новиот ритам на градот.

2. Соларна транзиција: Преобразба на РЕК Битола и Осломеј

Македонската иднина треба да се развива врз зелената енергија. Вештачката интелигенција замислува пејзаж кој ја прикажува големата енергетска транзиција — каде поранешен рудник за јаглен е претворен во огромен соларен парк. Геометриските соларни панели го покриваат теренот, додека модерните ветерници со суптилни народни мотиви на ридовите ја претставуваат енергетската независност на Македонија.

3. Паметна Чаршија: Напредна традиција

Вештачката интелигенција смета дека македонската традиција и културното богатство треба да бидат главен адут во идниот развој. Затоа замислува сцена од Старата скопска чаршија каде технологијата е беспрекорно вклопена во автентичниот дух. Излозите користат проширена реалност (AR) за дигитално раскажување приказни, а соларните клупи нудат безжично полнење и поврзување. Ова е иднина каде технологијата го чува и го збогатува, а не го заменува минатото.

4. Дигитален разбој: Паметна етно-мода

Македонската текстилна индустрија треба да еволуира од лон производство во нов моден правец, локално развиен и глобално ценет. „Smart Folk“ модата вештачката интелигенција ја замислува со спој на традиционалниот македонски вез редизајниран со светлечки LED нишки. 3D-печатен ѓердан со геометриски мотиви го комплетира изгледот, симболизирајќи ја врската помеѓу нашето културно наследство и новите технолошки иновации.

5. Лабораторија за иднината: Плодна пренамена

Иднината мора да се потпира на одржливо земјоделство и унапредување на македонските препознатливи производи, но и надминување на работата на дотраените индустриски загадувачи. Вештачката интелигенција замислува индустриски простор кој е претворен во високотехнолошка вертикална градина и модерен работен простор. Овде технологијата, земјоделството и иновациите се спојуваат под еден покрив, претставувајќи ја новата продуктивна економија заснована на одржливост.

Ова се петте замисли на вештачката интелигенција за Макфутуризмот кои се остварливи, а не пусти желби. Дали е време и носителите на одлуки да помислат на иднината, а не само на краткотрајните лични бенефиции?

Х.С.

Слично

Поврзани вести