Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците во Вашингтон протестираа против аболицијата на политичари

Македонците во Вашингтон протестираа против аболицијата на политичари

Македонците кои живеат во Вашингтон денеска протестираа пред  амбасадата на Република Македонија во САД, против одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за аболиција на политичари од власта и опозицијата.

Тие не сакаат да бидат помилувани политичари за кривични дела кои ќе произлезат од „бомбите“. На овој начин Македонците од дијаспората сакаат да дадат поддршка на протестите кои пет дена по ред се одржуваа во Скопје. Протестот го организираа Македонци кои живеат во главниот град на САД. Тие со транспаренти на кои пишува „Протестирам за демократска Македонија“,  „Поддршка за СЈО“  и македонски знамиња дојдоа пред македонската амбасада. На оградата на амбасадата демонстрантите поставија транспаренти на кои пишува „Оставка“ и „Истрага“. На протестот присуствуваше и Мето Коловски, претседателот на Обединетата македонска дијаспора.

Слично

Поврзани вести