Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците од Мелбурн:Македонија е на крстопат, треба да се избори за владеење на правото

Македонците од Мелбурн:Македонија е на крстопат, треба да се избори за владеење на правото

Македонците од Мелбурн, Австралија бараат оставка од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Стоп корупција“, „Крај Никола“, „Бараме чесни избори, доста е“, „Оставка веднаш на Иванов и Груевски“, „Поддршка за СЈО“, се само дел од упатените пораки до политичарите во земјава од нашите иселеници, јави Радио Илинден од Мелбурн.

„Република Македонија, нашата татковина, денес се наоѓа во исклучително тешка и длабока криза! Република Македонија денес е на крстопат! Република Македонија денес треба да се избори! Дали ќе има владеење на право или владеење на анархија. Дали ќе се стремиме кон НАТО и Европската Унија, или ќе станеме меѓународно изолирани! Дали корумпираните политичари и поединци ќе одговарат пред законот или ќе бидат аболицирани од страна на претседателот Ѓорги Иванов! Дали ќе владеат корупцијата и криминалот или ќе се воспостави нов поредок на чесни политичари!“ - реагираат Македонците од Австралија.

Во Декларацијата од протестот која ќе му биде лично предадена на генералниот конзул во Македонскиот конзулат во Мелбурн, прашуваат дали политичарите ќе почнат да работат за народот или ќе го гледаат само својот интерес.

Слично

Поврзани вести