Македонците без визи на патување во Бразил
Почнувајќи од 27 август македонските граѓани без визи ќе може да патуваат во Бразил.
Ова е исходот од размената на дипломатските ноти со кои се овозможува визна либерализација од краткорочни визи меѓу Бразил и Македонија.
Визното ослободување ќе се однесува за престој до 90 дена во период од 180 денови соопштија бразилскиот шеф на дипломатијата Карлос Алберто Симас Магелиес и амбасадорот на Република Македонија во Бразил Ивица Боцевски.
Македонците со визната либерализација од 2009 година може да патуваат во земјите од Шенген зоната, без краткорочни визи слободно се патува во 25 земји- членки на ЕУ, како и трите држави Исланд, Норвешка и Швајцарија кои се дел од Шенгенот а не се во ЕУ. Во 2013 година пак граѓаните можат да патуваат и во Украина без краткорочна виза.
