Економија, финансии, бизнис

Контакт

Контра-протести за изградба на крстот во Бутел

Контра-протести за изградба на крстот во Бутел

Група Македонци се собраа на контрапротест на местото на темелникот за 55-метарскиот крст во Бутел, јави Телма.

Засиленото полициско обезбедување кое во моментов е на местото, не им дозволува да стигнат до кружниот тек.

Тука, веќе втор ден протестираат приврзаници на ДУИ против поставувањето на крстот.

Тие вчера насилно го разурнаа целиот ограден  простор околу темелникот и поставија шатори и албански знамиња.

ДУИ и нивните симпатизери сметаат дека со поставувањето на крстот, се поттикнува верска омраза и велат дека ќе продолжат да протестираат додека не се повлече одлуката за негова изградба.

Слично

Поврзани вести