Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонци на интернет правеле пропаганда за Трамп

Македонци на интернет правеле пропаганда за Трамп

Македонци правеле пропаганда за претседателскиот кандидат на републиканците, Доналд Трамп, пишува американскиот весник „Егзаминер“.

На 6 пропагандни онлајн страници регистрирани во земјава, лажно се претставуваат како информативни и имаат за цел неопределените гласачи да ги насочат да го поддржат Трамп, додека како што се вели, немилосрдно го клеветат неговиот против кандидат Тед Круз.

Вестите од овие сајтови го  преплавиле  интернетот во последните месеци.

Пред изборите во Висконсин, поддржувачите на Трамп споделувале вести за измами во електронското гласање, во кои се вели дека гласовите се префрлале од Трамп на Круз. Оваа лажна приказна како што се наведува потекнува од United Media Publishing. Истата приказна била споделувана и на други пропагандни сајтови.

Анализата на Џон Даниелс за весникот „Егзаминер“ со користењето на специјален сајт кој дава информации за сопственикот на регистриран домен, открива дека некои од сајтовите се од Македонија, а меѓу нив има и регистрирани во Велес.

Слично

Поврзани вести