Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонци дел од мајсторската измама во три чекори

Македонци дел од мајсторската измама во три чекори
Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, објави тајни преписки на службеници во банката ХСБЦ. Со нив се документира она што светската јавност со години зборува дека дел од швајцарските банки живеат од оние што се подготвени да им платат високи провизии на банкарите за да затајат данок во сопствените земји. Во документите на меѓународниот конзорциум се спомнуваат 38 клиенти поврзани со Србија, од кои најмалку пет имаат српски пасош. Преку сметки поврзани со Србија поминале 46 милиони долари, а најголемиот вкупен поединечен износ кој е поврзан со Србија е 11,1 милион долари. Србија веќе ги објави српските тајкуни кои имале сметки во швајцарската банка на ХСБЦ, Вук Хамовиќ, Зоран Ивковиќ, Зоран Дракулиќ и Драган Стојковиќ-Пикси. Најсомнителни трансакции имале Вук Хамовиќ, Зоран Ивковиќ, првите луѓе на ЕФТ, со седиште во Лондон, која се занимава со трговија на струја. Меѓу нив има и педесетина други клиенти на банката, кои на своите сметки чувале 43 милиони долари. Србија, според бројот на клиенти кои имаат вакви сметки, е на 106. место на листата на која има државјани од 200 земји. Хрватска по бројот на клиенти е на 107. место. Македонија е на 157. место, Босна и Херцеговина е на 164. место, а Словенија на 146. место. (Блиц) Чекор 1: Отворање на сметка Господин Х отвора сметка на свое име. Потоа, банката наместо неговото име става име на офшор компанија, а подоцна наместо име на компанија, става број. Чекор 2: Водење на сметка Целата документација останува во банката, но ништо не се испраќа на домашна адреса или на мејл. Клиентот одбира дали да контактира директно со банката или преку посредник. Чекор 3: Пристап до сметката Клиентот патува во Швајцарија во филијалата на банката и таму лично ги подига парите и управува со средствата. Името на клиентот и деталите за сметката се чуваат во банката одвоено. Обработи: К.К.  
Слично

Поврзани вести