Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонското црковно богатство во рацете на руски тајкуни

Македонското црковно богатство во рацете на руски тајкуни
Повеќе од 10 илјади вредни верски предмети се украдени од црквите во Македонија во последните 10 години, пишува српски „Блиц“. Според весникот, однесени се и икони со посебна вредност од византискиот период, а до сега ниту еден од тие артефакти не е вратен. „Поголемиот дел од црквите кои се мета на крадците се наоѓаат во напуштени села. Немаат сигуроносни аларми и секој може да ја отвори врата со удар. Тоа се идеални услови за крадците“, вели Милчо Георгиевски, кустос од Охрид. Според него, претпоставката вели дека вредните предмети се продаваат на тајни аукции во Западна Европа и завршуваат во приватни колекции, вклучувајќи ги и оние на руските тајкуни. Во земјата од над 2 милиони жители, се краделе цели олтари, крстови, библии, светила, а последната голема кражба се случила во април во црквата Св. Ѓорѓи во Лазарополе, од која се украдени 30 икони, од кои 23 се на Дичо Зограф, еден од најпознатите сликари во 19. век. Неговите дела на продажба можат да достигнат и до десетина илјади долари, пишува „Блиц“. Според податоците на македонското Министерство за култура, околу 200 цркви и манастири се регистрирани како национално богатство, а 2/3 од нив се многу слабо обезбедувани. Во многу случаи, локалните цркви самите ги блокираат намерите за преместување на вредните дела на друго место.  
Слично

Поврзани вести