Македонско – Унгарски бизнис форум и најави за нови странски инвестиции
Со цел привлекување странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, а во рамките на посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, се одржа Македонско - Унгарски бизнис форум во Скопје.
Како што истакна Висар Фида, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, форумот е плод на одличните трговски и инвестициски односи меѓу Македонија и Унгарија. На него учествуваа 30 компании од градежниот сектор, машинската индустрија, телекомуникациите и финансиите .
Фида откри дека имало зголемен број на посети и можни проекти од фирми кои потекнуваат од Унгарија, но и мултинационални компании со седиште во Унгарија.
„Поконкретно, една од заинтересираните компании бара локација за погон за преработка на зеленчук и овошје. Друга компанија од автомобилскиот сектор ја посети Македонија барајќи партнер за заедничко вложување”, истакна Фида.
Свое обраќање пред присутните имаше и македонскиот премер , Никола Груевски.
„Успеавме да ја подобриме бизнис климата, а во текот на светската криза направивме многу реформи се со цел повисоки стапки на раст. Добрите резултати се должат на антикризните и институционалните реформи,“ истакна Груевски .
Според унгарскиот премиер пак, Македонија е држава со шанса за добар успех па им препорачува на бизнисмените од Унгарија да дојдат во земјава.
Трговската размена меѓу двете земји е скромна, но со раст од 20% годинава.Форумот пак се одржа како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија и Агенцијата за странски инвестиции на Унгарија.
Слично
