Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонско-хрватски патроли кај Удово открија мигранти

Македонско-хрватски патроли кај Удово открија мигранти

Мешани полициски патроли на Македонија и Хрватска,  синоќа открија 24 мигранти кои се превезувани со комбе Форд Транзит со скопски регистарски таблички.

Возилото е забележано од  полицајци  од полициската станица Богородица и Република Хрватска  на магистралниот пат Гевгелија – Скопје. Комбето кое се движело со голема брзина кон Демир Капија, полицијата го забележала  кај Удово и веднаш се упатила по него. Кај месноста Арсови Лаки дале знак за запирање, но наместо да застане, возилото ја зголемило брзината и продолжило да се движи по земјен пат. Возачот потоа го запрел комбето и избегал, а полицијата внатре пронашла 24 мигранти од кои 16 државјани на Авганистан, 3 од Ирак и 5 од Иран.

Мигрантите се однесени во полициската станица во Неготино, а по консултација со јавен обвинител 7 од нив се сместени во прифатниот центар за странци на МВР, а останатите 17 се вратени во Грција. Во меѓувреме полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот кој управувал со возилото и целосно расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести