Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонско-грчкиот спор стигна и до филмот!

Македонско-грчкиот спор стигна и до филмот!
Грчките и кипарските карткометражни филмови се повлекоа од филмскиот фестивал во Лугано, Швајцарија заатоа што македонските филмови биле претставени под името Република Македонија. Станува збор за повлекување на пет грчки и два кипарски филма, а одлуката ја донел грчкиот амбасадор во Швајцарија. Авторите на филмовите се револтирани - велат дека никој не ги прашал за повлекувањето. „Ова е фашистичка одлука и за ова одговор треба да даде и шефот на грчката дипломатија“, велат филмаџиите. „Кога сè што си направил е лошо и во економијата не си постигнал ништо, тогаш почнуваш со надмудрувања, па може и ќе се спасиш... Но, да ги повлечеш грчките филмови од меѓународен фестивал, поради национални причини немаш никакво право, бидејќи не ти припаѓаат. Тие им припаѓаат на нивните творци. Го разбирате ова, господа од Министерството за надворешни работи?“, напиша на социјалните мрежи режисерот и продуцент Василис Мазоменос. Потегот на грчмкиот амбасадор наиде на остри реакции во грчката јавност, според која ваквата одлука е избрзана, груба и агресивна. „Сега се очекува и грчкиот амбасадор во САД да направи нешто слично и да го повлече филмот „Мала Англија“ од кандидат за Оскар за странски филм затоа што филмот „До балчак“, македонскиот кандидат за Оскар за странски филм, на листата на пријавени кандидати  и е претставен како дело од Македонија“, пишуваат грчките медиуми.
Слично

Поврзани вести