Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКО-ГРЧКИ БИЗНИС ФОРУМ: Кога е во прашање бизнис, политиката нема влијание

МАКЕДОНСКО-ГРЧКИ БИЗНИС ФОРУМ: Кога е во прашање бизнис, политиката нема влијание

Со цел за се зацврстат бизнис релациите, денеска беше потпишан меморандум меѓу Грчката бизнис делегација и Сојузот на стомански комори на Македонија.

Коморите од Грчката бизнис делегација ја презентира студијата за можностите за трговија и заеднички инвестиции со компаниите од Република Македонија во која дополнително се елаборирани секторите транспорт, градежништво, туризам, агро - индустрија и потенцијалите за зацврстување на бизнис соработката.

„Потпишувањето на меморандумот за соработка и втората средба меѓу бизнисмените од двете земји во овој краток период укажува на тоа дека кога е во прашање бизнисот, политиката нема влијание. Горди сме што континуирано успеваме да ги надминеме политичките бариери и да докажеме дека бизнисот и воопшто партнерите од двете држави ќе продолжат успешно да соработуваат и да бидат поттик за надминување на сите предизвици меѓу двете соседски земји. Треба да ги развиваме добрососедските односи и да не дозволиме влијанијата на политиката да имаат негативен ефект врз економиите и бизнисот на двете држави. Веруваме дека во иднина ќе успееме дополнително да ги продлабочиме деловните релации. Од денешната средба договорено е да делуваме во насока на воспоставување директна авиолинија Скопје – Атина која ќе има големо влијание за подобрување на деловните односи, како и забрзување на проектот Коридор 10 “, изјави директорката на ССК Даниела Арсовска.

Надворешно-трговската размена на Република Македонија со Република Грција е значајна од аспект на вкупната надворешно-трговска размена, посебно имајќи предвид дека Грција континуирано се наоѓа меѓу петте најзначајни наши надворешно-трговски партнери.  Вкупната трговска размена со Грција во првите осум месеци од 2015 година достигна вредност од 397 милиони евра. Притоа,остварен е извоз во вредност од 98 милиони евра и увоз од 299 милиони евра.

Слично

Поврзани вести