Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонско-бугарската граница блокирана заради незадоволство со изборите во Бугарија

Македонско-бугарската граница блокирана заради незадоволство со изборите во Бугарија
Граѓаните на бугарскиот град Ќустендил денеска ќе го блокираат меѓународниот пат Македонија-Бугарија, односно делницата која води од Ќустендил кон граничниот премин Ѓуешево, за да го искажат своето незадоволство од последните вонредни парламентарни избори во земјата. Автопатот ќе биде блокиран од 11 часот, поради незадоволство со изборните резултати, јавуваат бугарските медиуми. За граѓаните на Ќустендил е спорно тоа што во нивната општина пратенички мандат освоил Александар Методиев, познат како Бат Сали, од партијата на Турците во Бугарија - Движење за права и слободи, иако тој освоил само 864 гласа и тоа главно добиени од гласачите во дијаспората. Ќустендилската област има вкупно 62.000 гласа, а ДПС со малку повеќе од 1 процент од гласовите на избирачите ќе има пратеник од оваа област, што за граѓаните значи непочитување на еднаквоста на гласот. Протестите се очекува да го парализираат сообраќајот меѓу Македонија и Бугарија преку овој граничен премин.
Слично

Поврзани вести