Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонско-бугарска бизнис средба се одржа во Гевгелија

Македонско-бугарска бизнис средба се одржа во Гевгелија
Cиноќа во Гевгелија, се одржа македонско-бугарска бизнис средба на претставници од малите и средни претпријатија од областа на туризмот. На средбата учествуваа по 20-тина бизнисмени од општините Гевгелија и Гоце Делчев, Бугарија. Средбата е дел од проект финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, што заеднички го реализираат Фондацијата за локален развој на Гевгелија „Флорит“ и Центарот за претприемништво од Гоце Делчев. Средбата заврши со потпишување Меморандум за разбирање меѓу малите и средни претпријатија од областа на туризмот од Гевгелија и Гоце Делчев.
Слично

Поврзани вести