Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските возачки дозволи ќе важат и во Црна Гора

Македонските возачки дозволи ќе важат и во Црна Гора
Македонија и Црна Гора потпишаа Договор за заемно признавање на возачките дозволи во двете држави. Документот значително ќе им го олесни движењето и претстојот на граѓаните на двете држави кои по било која основа престојуваат или транзитираат на државните територии на двете земји, соопштија од МВР. Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од министерката Гордана Јанкулоска денес е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора. Јанкулоска таму го потпиша Договорот со нејзиниот црногорски колега Рашко Коњевиќ. Двајцата министри разговарале и за унапредување на соработката во рамки на евроинтегративните процеси на двете држави, потоа за борбата против тероризмот во регионални и глобални рамки, борбата против организираниот криминал. Јанкулоска и Коњевиќ ги потврдија и заедничките заложби за што поактивно учество во низата регионалните иницијативи во кои членуваат двете земји. Министрите на својата средба се согласија и за организирање заеднички обуки за припадниците на министерствата за внатрешни работи, како и низа заеднички оперативни активности меѓу полициските органи и нивно заедничко учество во регионални и меѓународни истраги, соопшти македонското МВР.
Слично

Поврзани вести