Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските специјалците ја бараат вистината за Куманово од специјалниот обвинител

Македонските специјалците ја бараат вистината за Куманово од специјалниот обвинител

Претставници на специјалните полициски сили на Македонија, кои учествуваа во акцијата во Куманово од 9 мај, испратија отворено писмо до специјалниот обвинител Катица Јанева, во кое бараат најтемелна истрага за настаните во градот.

Во писмо до Јанева тие велат дека се уверени дека станува збор за сценарио, затоа треба да се открие вистината кој и како ги испратил и кој е одговорен за смртта 8-те нивни колеги.

"Обвинителке, сведоци сме на една безмилосна реалност, во која оваа ненаситна, лицемери, лажна и ненародна власт ни создаде болна сегашност. Власт, која се обиде да направи жртва и од нас, полицајците. Во името на нашата идна соработка ве молиме случајот да биде разгледан меѓу првите. Ја сакаме и заслужуваме вистината. Нашите осум браќа, другари, сеуште не почиваат во мир ", напишаа специјалците до специјалниот обвинител Катица Јанева.

Потсетуваме дека при вооружениот судир на 9-ти мај во Кумановска Дива Населба загинаа осум македонски полицајци, а други 38 беа повредени. При судирите загинаа 10 од напаѓачите - етнички Албанци, 9 од нив беа граѓани на Косово. По операцијата властите во Скопје соопштија дека ка разбиле една од најмоќните терористички групи на Балканот. Во исто време владата на ВМРО-ДПМНЕ беше осомничена дека организира акции за да го одвлече вниманието од незадоволството против неа и да ја зајакне својата позиција  покрај протестите на опозицијата.

Слично

Поврзани вести