Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските семејства во САД безбедно евакуирани од регионите каде беснееше ураганот „Ирма“

Македонските семејства во САД безбедно евакуирани од регионите каде беснееше ураганот „Ирма“

Македонските семејства кои во моментов на едни од најстрашните урагани се најдоа во САД се безбедни.

Ова е информацијата од Амбасадата која е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД.

Досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани.

„Претставниците од македонската амбасада во Вашингтон стапија во контакт со македонската државјанка која престојуваше во францускиот дел на островот Сент Мартин, која е евакуирана на безбедно. Во контакт се и со семејството кое се наоѓаше во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот.

Апелираме на будност и следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот се' уште не е надмината.

Телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се: 202-390-7418 и 202-667-0501“, соопштија од МНР.

Ирма вчера стигна до брегот на архипелагот Флорида Кис, објавија локалните власти. 

Ураганот се движел 8 милји на час северозападно кон градовите на Западниот брег на Флорида во Неапол, Форт Маерс и густо населените полуострови на заливот Тампа. Во Ки Вест, полицијата отвори "засолниште во крајна инстанца" за оние кои ги игнорираа наредбите за евакуација. 

Ирма го погоди Флорида Кис, 57 години откако ураганот Дона ја погоди истата територија во 1960 година, уништувајќи речиси 75% од зградите на островот.

Слично

Поврзани вести