Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските работодавачи побрзо би вработиле маж, отколку жена

Македонските работодавачи побрзо би вработиле маж, отколку жена

Новата анализа за вработување на Евростат врз основа на социо-економските димензии покажува дека во Македонија, работодавците побрзо би вработиле маж наместо жена. Токму оваа полова нееднаквост ја рангираше земјата на дното од анализата.

Слична е состојбата и во земјите од ЕУ. Најголема разлика на вработеност по пол има на Малта, Италија, Грција и Чешка, а најмал јаз во Финска и Литванија.

За работодавачот многу е важна и возраста на работникот. Во Македонија се помалку се бараат постари работници, а се повеќе се вработуваат на определено или со скратено време.

Oд друга страна пак, ако во светот 83% од луѓето кои се вработиле имале завршено додипломски, магистерски или докторски студии, во Македонија тоа е обратно. Од 4535 лица вработени со проектот Македонија вработува, со средно образование се 2617, а со високо едвај 684 лица.

Слично

Поврзани вести