Македонските плати во образованието „мрвки“ споредбено со светски земји
Просечната плата во моментов во образованието кај нас изнесува околу 22 200 денари.
Наставниците, учителите, професорите, се борат за своја подобра материјална положба, но им се нудат само мрвки. Толку за тоа колку е важно образованието во оваа држава.
Од друга страна, не е чудно што просветните работници се добро платени во најсилните светски економии.
Организацијата за економска соработка и развој (OECD) направи извештај за состојбата во образованието во земјите и партнери на оваа организација.
Продуктот на тој извештај е листа со земји во кои учителите во основните училишта се најдобро платени.
На прво место е Луксембург каде на учителите годишната плата им е 90, 208 долари, а следат Канада (63,188), Германија (61,172), Австралија (57,246), САД (54,639), Ирска (51,949), Данска (51,141), Холандија (44,847) и Англија
(43,140).

Македонија не е сместена во овој извештај.
