Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА КОБНИ ЗА СРБИТЕ: Жртва и повредени во сообраќајка кај Демир Капија

МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА КОБНИ ЗА СРБИТЕ: Жртва и повредени во сообраќајка кај Демир Капија

Сонот за одмор во соседна Грција не им се исполни.

За да стигнат до грчките плажи, нашите соседи од Србија мора да преминат преку Македонија.

Но, секоја година на македонските патишта тие им „плаќаат данок со животот“.

Утрово во сообраќајна незгода животот го загуби 55 годишен маж сопатник и српски државјанин.

Се се случило најверојатно, кога сопругата во случајот возач на автомобилот Даеву со белградски регистарски таблички возејќи изгубила контрола, и удрила во левата страна од заштитната ограда и излетала во спротивната коловозна лента.

Жената се здобила со тешки телесни повреди додека трите деца се полесно повредени, и биле префрлени во велешката болница.

 Oва не е прв пат нашите патишта да бидат кобни за странски државјани. И ланското лето во јули, на тој автопат се случи несреќа во која загина една жена, а четири лица беа повредени.

Слично

Поврзани вести