Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските основци почнуваат да учат по програма од Кембриџ

Македонските основци почнуваат да учат по програма од Кембриџ
„Природни науки“ (физика, хемија и биологија) и „математика“ ќе изучуваат македонските основци од прво до трето одделение за првпат според наставните програми од Кембриџ. Учебниците на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ се прилагодени на македонските особености. Во предметот „природни науки“ учениците уште на оваа возраст ќе се запознаваат со основните поими во физиката, хемијата и биологијата. На часовите по математика првачињата нема да ги учат само броевите од 1 до 10, туку ќе бројат до 100 и назад, а ќе читаат и пишуваат од 0 до 20. Оваа реформа предвидува првачињата и да научат да бројат во парови, но и собирање и одземање. Со цел да можат соодветно да предаваат по новите наставни програми, наставниците во изминатиот период посетуваа дополнителни обуки. Според програмите од Кембриџ учат основците од повеќето европски земји. Министерството за образование најави дека од годинава Македонија се вклучува и во Програмата за меѓународно оценување на учениците ПИСА 2015, која претставува една од најчесто користените алатки во светски рамки за мерење и оценување на практично применливото знаење што го стекнуваат учениците во образовниот систем во матичната земја. На првото вакво тестирање на кое учествуваа и македонски ученици во 2001 година резултатите беа лоши – од 41 земја, Македонија беше на 38 место по математика, а на 36 место за писменост во природните науки.
Слично

Поврзани вести